Германија останува силен поддржувач и ќе работи тоа да се случи. Идното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ е наша заедничка визија и геостратешки интерес. Германија останува цврсто посветена на оваа цел.Важно е пристапните преговори со Македонија и Албанија почнат што е можно побрзо, порача денеска германската амбасадорка Анке Холштајн, на првиот Скопски економски форум.
Основата за подобра регионална соработка, нагласи Холштајн, е довербата и Берлинскиот процес се покажа корисен за позитивен развој на регионот.
– Довербата и дијалогот е најпотребни со цел да се надмине минатото и да се изгради заедничка иднина. Тоа е напорна работа и бара време. Во регионот, етно-националните наративи се уште наоѓаат плодна земја и шпеклуациите со промена на границите во последните недели, тоа го покажувата. Таквите идеи се опасни во региони каде луѓе од разни етнички позадини живеат заедно. Тие ја затвораат економската соработка и оддалечуваат регионот од својот европски пат, истакна Холштајн.