Холштајн: Македонија одамна е подготвена за членство во ЕУ

од Nikola Popovski

Македонија веќе одамна е подготвена за почеток на преговори, но и за членство во ЕУ. Јас го гледам како позитивно тоа што висок процент од граѓаните не гледаат друга иднина, освен иднината во рамките на ЕУ, истакна денеска германската амбасадорка во државава Анке Холштајн пред презентацијата на резултатите од „Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2021)“.

Холнштајн подвлече дека има голем континуитет во однос на проширувањето и оти Европската Унија се држи кон она што го кажа во март 2020 година, односно за отпочнување пристапни преговори со Македонија и Албанија, чии патишта, рече таа, се отворени.

Што се однесува до новата германска Влада, додаде Холштајн, таа првпат има посебен параграф за Западен Балкан и го споменува пристапувањето во првото поглавје во однос на пристапните преговори на Македонија и Албанија.

Слични содржини