Отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да се случи и се надевам дека ќе успееме да го постигнеме тоа оваа година. Нема друга алтернатива. Исполнети се сите услови од страна на Северна Македонија, изјави денеска амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн.
-Во текот на следните недели, многу е важно да има соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија во оние области и сегмени каде нема разлики во мислењата, со што ќе се докаже дека постои добра соработка.Како и претходно и понатаму немаме план Б. Она што преостанува е отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, преостанува продолжување на разговорите за пристапување.Оптимист сум, се надевам дека оваа година ќе се отворат пристапните преговори со ЕУ, изјави Холштајн откако денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му предаде донација од возила и опрема наменета за потребите на граничната полиција.