Нашата цел е првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на нашето претседателство со Советот на Европската Унија и сме оптимистични дека тоа ќе се случи, изјави денеска за МИА германската амбасадорка Анке Холштајн.
Германската амбасадорка, која денеска имаше средба со министерот за здравство Венко Филипче, а потоа ја посетија Инфективната клиника во врска со германската донација на респиратори, одговори на прашањето да даде коментар на состојбите на добрососедство на Балканот, по меморандумот на Бугарија, но и изјави на високи бугарски претставници дека сега не е време за меѓувладина конференција.
-Јас неколку пати на оваа тема имам изјавувано дека став на Германија е дека билатералните прашања треба да се решаваат билетерално.Проширувањето на ЕУ сметам дека е и во голем интерес на Бугарија и затоа сум на мислење дека сигурно ќе се најде решение, вели Холштајн.
Бугарија, додава таа, отсекогаш била голем поддржувач на европеизацијата на регионот.
-Наша цел е таа конференција да се одржи уште во времето на нашето претседателство во Советот на ЕУ. И ние сме оптимистични и дека ќе се успее во тоа, истакна германската амбасадорка Холштајн.