Холштајн: С.Македонија има безрезервна поддршка од новата германска влада и канцеларот Шолц

од Берта Китинска

Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн во интервју за Дојче веле нагласува дека во коалицискиот договор на новата германска Влада предводена од Олаф Шолц има јасни насоки за натамошна поддршка на Западен Балкан и конкретни насоки во однос на Северна Македонија.

-Германија стори сѐ што беше во нејзините можности за да го ослободи патот на Северна Македонија и можам да ве уверам дека ќе добиете безрезервна поддршка од новата сојузна влада, вклучително и од новиот канцелар Олаф Шолц.

Таа вели дека во следниот чекор, мора да бидат отворени првите поглавја со Северна Македонија и Албанија,

-Ние го поддржуваме пристапниот процес кон ЕУ на шесте држави од Западниот Балкан и потребните реформи за исполнување на сите Копенхашки критериуми. Во оваа рамка го засилуваме граѓанското општество и ги поддржуваме натамошните чекори за приближување. Во следниот чекор, мора да бидат отворени првите поглавја со Северна Македонија и Албанија, цитираше таа дел од коалицискиот договор.

Во коалицискиот договор, додаде таа Западен Балкан е дел од ЕУ и не постои алтернатива за членството на овие земји во Унијата.

Потсетувајќи дека ЕУ е заедница на држави, во која владее принципот на консензус, Холштајн во врска со спорот со Бугарија напомена дека Германија и под водството на Ангела Меркел сторила се што е во нејзина моќ за да го ослободи патот на земјава кон ЕУ, а вети дека безрезевна поддршка ќе има и од новата сојузна Влада на Шолц.

 

Слични содржини