Honda, преку својата подружница во САД, повлекува околу 2,5 милиони возила поради потенцијални дефекти на пумпата за гориво. Тој проблем може да предизвика застој на моторот додека возите и го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи, објави Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA), пренесува Ројтерс.
За да се реши проблемот, дилерите на Honda бесплатно ќе го заменат модулот на пумпата за гориво за погодените сопственици, според Блумберг.
Повлекувањето опфаќа некои од најпопуларните модели на јапонскиот производител, вклучувајќи ги Accord, Civic, CR-V, HR-V, Ridgeline, Odyssey и одредени модели на Acura.
NHTSA очекува да испрати известувања до сопствениците до февруари следната година.
Веста следи по неодамнешното повлекување на околу 106.000 хибридни возила Honda CR-V поради ризик од пожар или повреда при судар.