Хонг Конг: Протестираат со книги во рацете и не оставаат ѓубре зад себе

од desk2
149 прегледи

Два милиони граѓани излегоа на улиците поради спорниот закон за екстрадиција.

Во Хонг Конг минатите неколку дена улиците беа преполни со демонстранти кои протестираа поради новиот закон за екстрадиција. Како што наложува тој закон, осомничениот за некои кривично дело би бил префрлен во Кина на сослушување. иако на улиците имало милиони, граѓаните на Хонг Конг покажале неверојатна дисциплина.

Поранешната британска колонија која е вратена на Кина во 1997-ма година, не е во добар однос со главната земја и се обидува да го задржи статусот на “една земја, два система”.

Според некои проценки, на последните протести излегле 2 милиони луѓе, односно 25 проценти од вкупната популација. Иако на улиците имаше огромен метеж, не беа забележани инциденти меѓу демонстрантите, немаше дивеење, а граѓаните во текот на протестите се грижеа за животната средина.

На една фотографија која ги обиколи социјалните мрежи се наоѓаат канти за ѓубре, односно за хартија, пластика и алуминиум. Кантата за пластика веќе е преполна со шишиња, па демонстрантите шишињата кои сакаа да ги фрлат, а немаше место, уредно ги наредија покрај кантата.

Исто така, фотографии кои предизвикаа многу внимание се оние на кои има студенти кои протестираат со книги во раце и читаат.

Најмногу внимание во светските медиуми привлече снимката на која се гледа како маса луѓе се тргаат за да мине амбулантно возило.

Погледнете како изгледало тоа:

https://www.youtube.com/watch?v=cwFHZbRZZuQ

По протестот сите повторно излегуваат на улица да ги исчистат ѓубрето кое завршило случајно на тревата поради нив.

А кога ќе ја налутат полицијата, тука се едни за други, односно од солзавецот се штитат со чадор.

На рабовите од улиците се оставени и шишиња вода за демонстрантите да можат да се освежат или измијат ако полицијата употреби солзавец.