Honor Band 5 ќе може да ги следи нивоата на кислород во крвта

од Vlatko K
176 прегледи

Нема да претераме ако го дефинираме Honor Band 4 како еден од најдобрите предлози во
сегментот на фитнес гривни од ниската ценовна класа. Huawei има уште поамбициозни цели и
работи на наследникот на овој модел, надевајќи се дека ќе го повтори и надмине неговиот успех.
Лично шефот на Honor одделот, Џорџ Жао откри интересни први детали за подобрувањата што се
очекуваат во Honor Band 5 со објава во социјалната мрежа Веибо.

Новата фитнес гривна на компанијата ќе биде во можност да го следи не само срцевиот ритам, туку
и нивото на кислород во крвта. Honor Band 5 исто така ќе ве информира за заморот, апатијата,
вртоглавицата и ќе го следи квалитетот на спиењето. Изгледот на уредот ќе биде сличен на
претходниот модел. Потрошувачите можат да ги очекуваат истите заоблени агли, овозможувајќи ви
удобно да го носите уредот на раката. Honor Band 5, исто така, ќе има AMOLED екран.

Се очекува дека Honor Band 5 ќе има водоотпорна покривка и ќе вклучува поддршка за NFC
технологијата за да остварува бесконтактни плаќања. На дното ќе има тркалезно навигациско
копче. Ова се сите детали што ги имаме за уредот. Премиерата на претходниот модел се случи
заедно со Honor 8X и нема да биде изненадувачки ако компанијата ја следи истата стратегија и го
претстави Honor Band 5 заедно со Honor 9X на 23 јули