Веќе ве информиравме дека првиот паметен телефон 5G на Honor ќе биде промовиран на крајот на
2019 година. На овој начин, компанијата ќе се обиде да искористи најголем дел од потрошувачката
активност за време на сезоната на празници. Претседателот на одделот, Џорџ Жао го потврди
името на првиот модел од овој бренд, кој ќе ги поддржува 5G мрежите и тоа е Honor V30.

Уредот ќе обезбеди целосна поддршка за 5G SA / NSA мрежите, а оваа функционалност се очекува
и во премиум смартфоните. Шефот на Honor не сакаше да открие повеќе детали за Honor V30, но
очекуваме да користи Huawei Kirin 990, кој премиерно се појави на почетокот на септември. Тоа ќе
биде 7-nm процесор произведен со EUV технологија од TSMC.
Потсетуваме дека Huawei веќе го нуди Mate 20 X 5G во Кина, кој се продава за околу 880 долари и
поддржува 5G мрежи. Ова е премиум модел со 8 GB RAM меморија, 7,2-инчен дисплеј, процесор
Kirin 980 и 256 GB внатрешна меморија, објави GIzmoChina. Претстојниот Honor V30 најверојатно ќе
биде достапен по поприфатлива цена, со што технологијата ќе биде подостапна за повеќе
корисници.