Хорнер: Мерцедес и Ферари ќе бидат силни во „Силверстоун“

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, очекува возачите на Мерцедес повторно да се борат за водство во „Силверстоун“. Календарот на Формула 1 предвидува 4 трки во јули – во Англија, Франција, Австрија и Унгарија, по што следи летната пауза.

„Мислам дека Мерцедес ќе бидат силни во „Силверстоун“ и не гледам причина зошто да не бидат силни кај Пол Рикар“, изјави Хорнер. „Исто така, мислам дека Ферари ќе биде силен во „Силверстоун“. За нас британската патека може да биде предизвик поради нејзините карактеристики. Неверојатно е што постигнавме шест последователни победи, но „Силверстоун“ можеби ни е најтешката патека од почетокот на сезоната“.

Шестте последователни победи се втората најдолга успешна серија во историјата на Ред Бул, оставајќи ги деветте последователни победи на Себастијан Фетел од 2013 година. Рекордот го држи Мекларен – 11 последователни трки освоени во сезоната 1988 со легендарниот автомобил MP4/4.

„Многу би сакал да продолжам да победувам, но со секоја измината трка ќе биде сè потешко“, додаде Хорнер. „Погледнете како се развиваше првенството, каде бевме по Австралија и каде сме сега, тоа покажува колку брзо се може да се промени. Макс е во одлична форма и веќе му се допаѓа нашиот автомобил повеќе“.

Слични содржини