Хорнер: Разделбата меѓу Рикардо и Мекларен е многу тажна за Ф1

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Во деновите пред викендот за ГН на Белгија, Даниел Рикардо објави дека ќе се раздели со тимот на Мекларен една година пред да му истече договорот, што поранешниот шеф на Австралиецот, Кристијан Хорнер го опиша како „многу тажно“.

Рикардо му се приклучи на тимот од Вокинг на почетокот на 2021 година, но освен неговата победа во Монца, тој се претстави драстично под очекувањата. Токму поради тоа тие побараа од Мекларен да се разделат со Рикардо и да го заменат со неговиот помлад колега Оскар Пјастри, кој ќе застане до Ландо Норис во тимот.

Нормално, оваа тема беше една од водечките по враќањето во Формула 1 викендов, а ја коментираше и првиот човек на Ред Бул – Хорнер. Рикардо се тркаше за „биковите“ од 2014 до 2018 година, откако претходно помина две години во Торо Росо.

„Многу е тажно“, изјави Хорнер за Sky Sports F1. „Малку разговарав со Даниел, но не можам да го препознаам истиот пилот кој беше со нас. Тој е еден од најкул момците. Дефинитивно е способен. Се надевам дека ќе најде место во Формула 1“.

„Се надевам дека ќе ја врати мотивацијата затоа што ако се потсетите на некои од трките што ги извозе за нас, победувајќи во Монако со 50% моќ (во 2018 година), имаше неверојатни перформанси. Сетете се кога беше покрај Себ, кога беше нов во тимот, како настапуваше, тогаш беше и многу близок со Макс. Лошо е за него, но навистина се надевам дека ќе најде нешто за во иднина“, додаде Хорнер.

Различни гласини околу боксот во Ф1 го поврзуваа Рикардо со преселба во Хас или Вилијамс, па дури се зборуваше за негово враќање во Алпин, каде што помина две години во 2019 и 2020 година кога тимот беше познат како Рено.

Слични содржини