Хорнер: Верстапен остана без победа во Саудиска Арабија поради казната од 5 секунди

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Директорот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека на возачот на неговиот тим Макс Верстапен му била ускратена победата на трката за ГН на Саудиска Арабија во шампионатот во Формула 1 поради казна од пет секунди, објавија денеска британските медиуми.

Верстапен доби казна од пет секунди во Џеда во неделата затоа што излета од патеката и го скрати првиот свиок во битката со Оскар Пјастри од Мекларен за првото место. Актуелниот светски шампион остана прв, но по казната падна на второто место.

Пјастри потоа го задржа првото место и стигна до победата, додека Верстапен трката во Џеда ја заврши на втората позиција.

Слични содржини