На застрашувачката снимка од надзорните камери може да се види како во петокот во раните утрински часови во Педро Хуан Кабаљеро, Парагвај, тригодишната Луз Маида била одведена од човек кој подоцна ќе ја силува и убие.
Нејзината мајка Аурелија Салинас (42) ја продала на своето момче дилер во замена за дрога вредна 11 евра. Нешто повеќе од 24 часа подоцна, крвавото тело на Луз било пронајдено во напуштена куќа.
Полицијата не го соопшти името на напаѓачот, но е познато дека силувал и убил тригодишно девојче. Нејзиното ситно тело било пронајдено завиткано во маица. Пронајдено е на креветот на напуштена куќа, пишува „Daily Mail“.
Наводно, гневните мештани се обиделе да ја линчуваат нејзината мајка, откако таа на полицијата и признала што се случило. Како што пренесува „Индекс“, нејзиното момче подоцна го признало убиството, пренесуваат локалните медиуми. На погребот на Луз присуствувале повеќе од 300 локални жители, а некои од соседите ја запалиле куќата во која беше пронајдено телото на убиеното девојче.
Аурелија Салинас има уште седум деца, меѓу кои и 12-годишно девојче, за кое наводно дозволила да биде сексуално злоставувано од 30-годишен маж.