Во полуфиналето од Лига купот, Тотенхем го совлада Брентфорд со 2:0 (1:0). Сепак, наместо стрелците (Сисоко и Сон), овој натпревар го одбележа Пјер-Емил Хојбјерг во 85-тата минута, кога практично веќе беше решен победникот.
Дефанзивецот на Тотенхем сакаше да се врати на теренот со крвави нозе, со јасни контури на противничките копачки. Сепак, тој не можеше преку тренерот Жозе Мурињо.
Португалецот застана помеѓу Хојбјерг и аут линијата и не го пушти во игра повторно, туку го прегрна и благо го турна кон клупата.
Судијата Мајкл Дин му покажа црвен картон на играчот на Брентфорд, Џош Дасилва за старт над Хојберг по прегледот на ВАР.
no way Højbjerg still wanted to play after that tackle😭😭my warrior pic.twitter.com/DhxRjKE9FX
— E (@N17xelle) January 5, 2021