Страшна вест доаѓа од Италија, каде легендарниот фудбалер Роберто Баџо заврши во болница, откако бил претепан од навивачи додека го гледал натпреварот помеѓу Италија и Шпанија, a бил и ограбен!
Како што пренесуваат италијанските медиуми, додека Роберто Баџо го следел натпреварот помеѓу Италија и Шпанија, околу 22 часот во неговата куќа упаднале пет вооружени разбојници. Кога Баџо сакал да се пресмета со еден од нив, да му се спротивстави, набрзо бил удрен со пиштол во глава.
Баџо на тој начин се здобил со повреда на главата, така што разбојниците потоа го затвориле него и неговото семејство во соба, додека краделе часовници, накит и пари.
Кога Баџо сфатил дека заминале, ја скршил вратата од собата и повикал полиција.
Набрзо пристигнале органите на редот, а Баџо отишол во болница каде му ја сошиле раната.