Хорор на фестивал на летање змејови во Индија: Јажиња пресекоа вратови на луѓе, шестмина мртви!

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Најмалку шест гледачи загинаа во саботата во индискиот Гуџарат за време на годишниот фестивал на летање змејови, откако биле заклани од јажиња од змејови кои излегле од контрола. Меѓу загинатите има и три деца, пишува Sun.

Минатиот викенд на фестивалот Uttarayan толпи гледачи се собраа за да го гледаат спектаклот на небото, а стотици учесници се качуваа на терасите и покривите за да ги летаат своите змејови.

Сепак, се чини дека некои од учесниците користеле „остри“ јажиња.

Шарените змејови обично се прават од лесна хартија и бамбус, пред да се закачат на жици кои се притиснати во мешавина од лепак и мелено стакло. Тогаш жиците, познати и како firkees, стануваат доволно остри за да ја исечат кожата кога ќе се исушат.

Љубителите на летањето змејови често претпочитаат firkee кога користат „змејови борци“ на фестивал, бидејќи можат да ги пресечат линиите на нивните конкуренти.

„Јажиња им го исекоа грклата на шест жртви, видовме како крварат до смрт пред трауматизираните посматрачи“, изјавија за медиумите властите од Борталав.

Уште 176 луѓе, исто така, претрпеа повреди од исеченици и падови додека летаа со змејови на церемонијата за одбележување на почетокот на сезоната на жетва.

Најмладата жртва беше двегодишно девојче кое присуствуваше на фестивалот со нејзиниот татко. Неа ја преселко јажето додека се возела на скутер со нејзиниот татко. Почина и тригодишното девојче кое со мајка си се враќала дома кога една од смртоносните врвки и го пресекла грлото.

За жал, ова не е единствената ваква трагедија во Индија. Во 2018 година, 16 лица загинаа на прославата на преминот од зима во лето кога ги пресекле јажиња од змејови.

Патем, властите во Пакистан ја забранија оваа практика уште во 2007 година по серија смртни случаи, меѓу кои повеќето од жртвите беа деца. Но, полицијата уапси над 10.000 луѓе само во Лахоре во 2021 година поради летање змејови.

Слични содржини