Хорор на новогодишната ноќ во Холандија: Традиционалното палење клада тргна наопаку, една куќа изгоре

од desk2
184 прегледи

Во холандскиот град Шевенинген во текот на новогодишната ноќ изби голем пожар кога огнот од традиционалната клада почна неконтролирано да се шири.

Полицијата веднаш го евакуираше плоштадот зошто поради огнот се крена температурата и ги загрози гледачите. И тогаш по улиците почна да паѓа жар, кој предизвика повеќе помали пожари.

Пламенот во еден момент достигна висина од 48 метри. Во пожарот изгоре една куќа.

Огнот брзо се прошири, но на самото место брзо стигнаа многубројни противпожарни екипи.

Не е познато дали има повредени или мртви во инцидентот.