Во петокот, пејачот Енгел Мелоди Ренфиго на својот Фејсбук профил објави вознемирувачко видео на кое се гледа како девојка паѓа од прозорец за време на неговата изведба на песната.
Таа вечер, на приватна забава, младиот пејач го забавуваше собраното друштво со песна, но одличната атмосфера веднаш се претвори во драма затоа што една гостинка изгуби рамнотежа и падна од вториот кат.
Несреќната девојка седеше на работ на ширум отворениот прозорец, пееше и танцуваше и одеднаш изгуби рамнотежа и падна на бетонот.
Бидејќи во тој момент ги снимаше настаните зад себе, пејачот веднаш разбра што се случило и ги предупреди другите, па брзо повика брза помош.
Во понеделникот наутро, тој на својот профил потврди дека девојката го преживеала падот со неколку скршеници, односно дека го известила од болницата преку порака преку Инстаграм.
Este video se hecho viral en redes, en donde se observa a una mujer caer de un segundo piso, durante una fiesta privada, que era amenizada por el cantante Engell Melody Rengifo. El accidente ocurrió en Barranquilla “Ella está fuera de peligro, gracias a Dios”, dijo el artista. pic.twitter.com/VMz7nbbamM
— Diario La Opinión (@laopinioncucuta) July 25, 2021