Трагична вест доаѓа од Централна Америка. На фудбалски натпревар во Салвадор дошло до стампедо во кое животот го загубиле 12 лица.
Несреќата се случила за време на четвртфиналниот натпревар од националното првенство меѓу Алијанца и ФАС на стадионот Момументал во Кускатлан, најголемиот во Централна Америка и на Карибите со капацитет од 53.400 гледачи.
Се претпоставува дека до трагедијата дошло поради гужва што се создала на еден од влезовите на стадионот, наводно поради преголемиот број продадени билети за тој сектор.
Владата објави дека загинале седум мажи и две жени, но информации за нови смртни случаи доаѓаат, наводно веќе жртвите се 12 на број
Според изјавите на очевидци, се работи за „лавина“ од гледачи кои го преполниле влезот, а во тоа стампедо се повредени повеќе од 500 луѓе.
– Повеќе од сто и едно лице се пренесени во болниците, некои од нив се тешко повредени – изјави Карлос Фуентес, портпарол на спасувачката служба „Спасувачки командоси“.
На дел од настраданите им беше укажана помош на самиот терен, а натпреварот беше прекинат по само 16 минути.
Фудбалскиот сојуз на Ел Салвадор објави соопштение во кое изразува жалење за трагичниот настан и упатува сочувство до семејствата на жртвите.
Полицијата најави кривична истрага во соработка со јавното обвинителство.