Хорор сообраќајка во Ново Лисиче – Моторцикл и автомобил се скршија на раскрсница

од Љубиша Владимиров
579 прегледи

Во скопската општина Аеродром попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа моторцикл и автомобил.

Сударот се случи пред раскрсницата кон населбата Ново Лисиче, а на терен веднаш пристигнаа полиција и итна помош.

Засега нема информации за повредени лица, а увидот е во тек за да се утврдат причините за несреќата.

Слични содржини