587
Полицијата го привела В.М. (25) од Белград поради сомнение дека ја претепал невенчаната сопруга и нивното шестмесечно бебе.
Кај жената и детето биле констатирани полесни физички повреди.
Како што дознава „Блиц.рс“, утрово околу 8 часот мајката го донела бебето во Тиршово, а потоа самата се пријавила во Ургентниот центар поради повреди кои, како што рече, ѝ ги нанел невенчаниот сопруг.
Полицијата набрзо го уапсила насилникот.