Хорор во БиХ: Татко и син спасиле 10 луѓе од поплавите, а потоа поројот го повлекол синот…

од Vladimir Zorba
85 прегледи

По обилните дождови во Босна и Херцеговина се случија поројни поплави кои носеа се пред себе. Медиумите јавуваат за најмалку 15 загинати и неколку десетици исчезнати, а најлошо е во Јабланица, која е отсечена од остатокот на Босна и Херцеговина и од југ, односно од правец на Мостар.

Доаѓаат уште лоши вести, пишува Аваз. Татко и син се бореле против водената стихија и успеале да спасат 10 лица од поплавата, но поројот го повлекол и однел синот, се дознава од местото на настанот. Се претпоставува дека бројот на загинати ќе расте со оглед на состојбата на терен.

Јабланица е општината која беше најмногу погодена од поплавите, а во налетот на пороите беа уништени голем број семејни куќи во моментот кога мештаните беа во нив. Јабланица од синоќа е целосно затворена за сообраќај. На местото на настанот се испратени неколку спасувачки екипи за отстранување на одроните и успеале да им помогнат на настраданите. Министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез потврди дека армијата веќе е вклучена во спасувачката операција.

Армијата работи на расчистување на патот кон Јабланица од Коњиќ. На терен се сите расположливи единици на патните служби, пожарникари, брза помош и армија. Службите со чамци стигнаа до Јабланица и работат на спасување луѓе.

Слични содржини