Хорор во Босна: Момче убило врсник, па го распарчило телото!

од Nikola Popovski
127 прегледи

Момче од местото Високо во централна Босна, вчера брутално убило свој врсник.

Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон за „Аваз“ потврдиле дека вчера во 18.35 часот во Полициската станица Високо влегло лице со иницијали И.М. и пријавило дека лицето на иницијалите Б.Д. (2001) од Високо му кажалo како во својот стан убилo лице со иницијали П.Е. (2001).

„Пронајдено е безживотно тело. Увидот на местото на злосторството е извршен во текот на ноќта под надлежност на дежурниот обвинител“, соопштено е од тамошната полиција.

Првичните информации говорат дека младиот човек ја убил жртвата, а потоа ја исекол на парчиња во обид да го скрие телото.

Слични содржини