Во четвртокот пред натпреварот помеѓу Баија и Сампаја Кореа во Бразил, во близина на стадионот Арена Фонте Нова, хулигани го нападнале автобусот на фудбалерите на Баија, пренесе Ројтерс.
Шокираните фудбалери стравувале за своите животи откако бомбата експлодирала, при што биле скршени стаклата на автобусот, а тројца играчи биле повредени.
Најлошо поминал голманот на второлигашот Данило Фернандеш (на фотографијата погоре), чие лице беше повредено од шрапнели, по што заврши во болница.
На социјалните мрежи фудбалерите споделиле ужасни фотографии на кои се гледа дека задните стакла на автобусот се скршени и седиштата посипани со крв.
Danilo Fernandes está bem, mas passará a noite no hospital. O goleiro teve múltiplos ferimentos na face, no pescoço e nos membros inferiores, que precisaram ser suturados, e ficará em observação pra exames complementares e avaliação de oftalmologista, pois há corte perto do olho. https://t.co/VuJn3pRYto
— Esporte Clube Bahia (@ECBahia) February 25, 2022
Баија сепак го одигра натпреварот и победи со 2-0, но без тројца играчи, меѓу кои и Фернандеш.
– Тимот ќе излезе на терен достоинствено и професионално за да ги брани боите на Баија – изјави тренерот Гуто Фереира.
Баија се пласираше во следната фаза од Купот, со головите на Даниелзињо и Уго Родалега. Од клубот не коментираат кој можел да ја постави или фрли бомбата, ниту пак дадоа детали за самата направа.
Нападите на автобусите не се невообичаени во Бразил, но ретко може да се дознае за какви уреди станува збор. Навивачите често фрлаат камења и проектили кон тренерите на тимовите – како на нивните, така и на противниците.
Многубројни тамошни клубови му дадоа поддршка на бразилскиот второлигаш преку социјалните мрежи.
– Неприфатливо. Кривично дело кое треба сериозно да се истражи. Ние сме со вас – напишаа од Ботафого.