Еден ученик е убиен, а тројца се ранети во понеделникот по пукање во училиште во Сао Паоло, најголемиот град во Бразил, се вели во соопштението на локалната влада.
Нападот се случил во Сапопемба, населба на источната страна на Сао Паоло, а сторителот е уапсен, соопшти владата.
„Владата на Сао Паоло длабоко жали и сочувствува со семејствата на жртвите од нападот што се случи во понеделник наутро во државното училиште Сапопемба“, се вели во соопштението на локалната власт.
Според владата, учениците биле застрелани, а едно од нив – девојче – починало, додека други двајца се хоспитализирани. Четвртиот ученик е повреден додека се обидувал да побегне од нападот.
„Во овој момент приоритет е да им се помогне на настраданите и да се пружи психолошка поддршка на учениците, воспитувачите и нивните семејства“, се наведува во соопштението.
Наводно, напаѓачот бил жртва на малтретирање во училиште, а во крвавиот напад ѝ пукал во глава на ученичка.