164
Пешак беше удрен од електричен тротинет на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, при што 62-годишната К.К. од Струмица се здоби со тешки телесни повреди.
Несреќата се случила на 30 април околу 14:55 часот, кога лице кое управувало електричен тротинет, движејќи се по тротоарот, удрило во жената. Повредената била пренесена во Медицинскиот центар Струмица, каде што ѝ била укажана лекарска помош и ѝ биле констатирани тешки повреди.
За случајот било пријавено во полиција во 16:25 часот, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струмица. Се работи на целосно расветлување на инцидентот.