Синоќа околу 21 часот се случило двојно убиство во населбата Љубиќ кеј во српскиот град Чачак, соопштуваат српските медиуми. Син е осомничен дека со нож ги убил своите родители.
Нивните тела биле пронајдени во станот, а осомничениот бил пронајден три часа подоцна во селото Сврачковци. Се претпоставува дека пеш тргнал кон главниот српски град Белград.
Како што наведуваат од агенцијата РИНА, според неофицијални информации, убиениот татко бил истакнат лекар од Чачак.