222
Во престрелка во 16-тиот арондисман во францускиот град Марсеј, две лица загинаа, а тројца се ранети.
Престрелката се случила синоќа нешто пред 23:00 часот на паркингот на Мекдоналдс, јави БФМ Марсеј Прованс. Веднаш била повикана полиција која на лице место открила возило со пет лица.
Возачот на возраст од 23 години бил пронајден мртов, како и еден од патниците. Во истото возило биле пронајдени уште три лица, кои биле ранети.
Еден од лицата бил погоден со куршум во градите и неговиот живот е во опасност. Другите две лица се жена повредена во раката и дланката и маж повреден од фрагменти од куршум.
На местото на настанот се пронајдени 24 чаури калашников калибар 7,62. Во близина е откриено запалено возило, несомнено возило на напаѓачот.