Србин (40) е осомничен дека со нож ја избодел до смрт седумгодишната ќерка на својата партнерка во Улм, Германија! Според германските медиуми, тој бил сместен во психијатриска установа.
Се вели дека 40-годишникот во понеделникот ја избодел со нож седумгодишната ќерка на својата партнерка.
Осомничениот до сега молчи и не дал никакви изјави, соопштија јавното обвинителство и полицијата преку заедничко соопштение за медиумите, пренесуваат германските медиуми.
Во понеделникот околу 17 часот и 20 минути, 40-годишникот сам се јавил на итната помош и признал дека ја убил својата поќерка, соопшти германската полиција.
На гореспоменатото место на злосторството, во реонот на училишниот центар во областа Виблинген, итните служби пронашле мртво дете. Човекот исто така беше таму. Осомничениот потоа бил уапсен и префрлен во психијатриска установа.
Надлежниот судија на окружниот суд изрече мерка притвор.