181
Во тек е истрага на местото на инцидентот, предводена полицијата во Сисак
Полицијата во Сисак, Хрватска извести дека околу 13 часот и 20 минути добила дојава дека во семејна куќа во градот Петриња е пронајдено безживотно тело на жена и дека постои сомнеж за насилна смрт. Лице поврзано со овој настан е уапсено и е под полициски надзор.
Во тек е истрага на местото на инцидентот, предводена од полицијата во Сисак. Повеќе детали за овој инцидент ќе бидат познати по завршување на кривичната истрага.