Хорор во Истанбул, напаѓачи пукале во куќата на ѕвезда од Евролигата

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Стенли Џонсон, ѕвездата на Евролигата и еден од најдобрите кошаркари на Анадолу Ефес, доживеа голема непријатност која само од чиста среќа немаше трагични последици.

Според турските медиуми, непознати напаѓачи испукале неколку куршуми кон прозорецот од станот во кој живее американскиот кошаркар.

Наводно, два куршуми завршиле во станот на 28-годишниот кошаркар на 20-ти кат од зградата, додека еден на спратот подолу.

Џонсон повикал полиција, која набрзо пристигнала на лице место, а за среќа никој не е повреден.

Турските медиуми тврдат дека кошаркарското крило најавило покренување тужба против сторителите на овој чин.

Слични содржини