ХОРОР ВО МЕКСИКО: Речиси 50 мртви од отровен алкохолен пијалок

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Мексиканската полиција се обидува да го пронајде изворот на отровниот алкохолен пијалок, од кој загинаа 46 лица во државите Морелос и Пуебла.

Отруените лица пристигнале во болницата во текот на викендот, каде некои рекоа дека купиле пијалок и го консумирале за да го прослават Денот на мајката, додека други присуствувале на погреб.

Властите ги предупредија луѓето да побараат медицинска помош доколку доживеат главоболки или болки во стомакот после консумирање на спорниот пијалок.

Официјални лица наведуваат дека 29 лица починале во државата Морелос, а другите 17 во Пуебла.