ХОРОР ВО МЕРИЛЕНД Напаѓач отвори оган за време на прославата на Денот на независноста: Убиено момче (14), шестмина повредени

од Vladimir Zorba
316 прегледи

14-годишно момче е убиено, а уште шестмина се повредени во пукање за време на забава на Денот на независноста на САД во Солсбери, на источниот брег на Мериленд.

Повредените се хоспитализирани, но нивните повреди не се опасни по живот, пренесува АП.

Локалната полиција соопшти дека нема уапсени, но истрагата е во тек.

Солсбери е град во кој живеат околу 33.000 луѓе, а се наоѓа на 190 километри југоисточно од Вашингтон.

Ова пукање е само едно од неколкуте масовни престрелки што се случија за време на празничниот викенд.

Слични содржини