Хорор во прилепско, малолетници се судрија со мопеди – тринаесетгодишно дете загина

од Марта Пешевска
763 прегледи

Тринаесетгодишно дете го загуби животот, а друго на возраст од 14 години е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на вчера во утринските часови во селото Лажани, прилепско. Несреќата се случила при судир на два мопеди без регистарски таблици, марка „Бенели“ и „Пежо“, со кои управувале две малолетни лица. По несреќата, повредените биле пренесени во Градската болница во Прилеп, каде била констатирана смртта на 13-годишното дете.

Другото момче се здобило со тешки телесни повреди, но е вон животна опасност. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп, а телото на починатото дете е предадено за обдукција. Случајот е во истрага.

Слични содржини