Додека неговите соиграчи играа против Ајакс и стигнаа до полуфиналето во Лигата на Европа против неговите поранешни колеги од Манчестер Јунајтед, разбојници упаднаа во домот на Крис Смолинг додека тој беше таму со своето семејство.
Обично ваквите грабежи на фудбалски sвезди се случуваат додека се на натпревари, но овој пат крадците не обрнаа внимание или не знаеја дека дефанзивецот на Рома се опоравува од повредата на коленото.
Со Смолинг во текот на грабежот беа неговата сопруга и двегодишниот син кои биле преплашени како што се очекуваше. За среќа, никој не е повреден, а единствената штета е ограбен накит и скапи часовници.
Она што е најстрашно од целиот немил настан е што Смолинг и неговото семејство биле држени под закана со оружје од разбојник за време на упадот во вилата, лоцирана на 25 километри од Рим.
Се надеваме дека нема да остави трајни ефекти врз двегодишниот син, но Смолинг и неговата сопруга дефинитивно ќе го паметат ова до крајот на животот и се поставува прашањето дали некогаш повторно ќе се чувствуваат безбедно во истата куќа.