Хорор во Сиднеј: Пијан возач покосил седум деца кои отишле да купат сладолед, четири загинале (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
258 прегледи

Пијан возач кој во Сиднеј удрил во седум деца, од кои четири усмртил, а едно тешко повредил, обвинет е за 20 дела, вклучувајќи и убиство.

Децата оделе да купат сладолед кога синоќа на тротоар ги удрило возило , навела полицијата.

Во несреќата е убиено 13-годишното момче Ентони и неговите две сестри, 12-годишната Анџелина и 9-годишната Сијена, додека нивниот 10-годишен брат е тешко повреден. Четвртото дете кое починало е 11-годишната Вероника, ќерка на роднина на нивниот татко.

Слични содржини