Хорор во Турција: 14 одбојкари се затрупани под урнатините

од Radmila Tasevska
173 прегледи

Од минута во минута пристигнуваат страшни вести за последиците од разорните земјотреси кои ја погодија Турција, а најнова во низата е информацијата дека под урнатините се затрупани дури 14 одбојкарки од тимот на Хатаја.

Оваа вест ја објави Хуријет, наведувајќи дека станува збор за зграда во која живееле одбојкарки.

Фудбалерот на Аланија, Енешан Чан, на својот профил на социјалните мрежи објави дека изгубил контакт со 14 одбојкари откако била урната зградата во која тие престојувале.

Одбојкарската федерација на Турција соопшти дека сите натпревари се одложени до дополнително известување.

Да потсетиме, рано утринава околу 04:17 часот Турција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а беше почувствуван и во Сирија. Околу 10:24 часот уште еден силен земјотрес ја потресе турската почва.

Слични содржини