ХОРОРОТ ОД МИНУТА ВО МИНУТА: Вака изгледаше најкрвавата ноќ во Америка

од Stefanija Kuzmanovska
739 прегледи

Две масовни престрелки во Левистон, Мејн го потресоа малото гратче. Полицијата се уште трага по Роберт Кард, осомничениот кој со полуавтоматска пушка упадна во ресторан и куглана и е осомничен дека убил најмалку 22 лица. Еве како изгледала крвавата вечер во Америка од минута во минута.

Полицијата примила повик за две пукања во Левистон околу 19 часот, изјави комесарот за јавна безбедност на Мејн, Мајк Саушак.

20:00 часот: Канцеларијата на шерифот на округот Андросогин објави фотографии од вооружениот осомничен. Надлежните ги советувале сите вработени да ги заклучат дуќаните и да не излегуваат додека трае потрагата.

20:09 часот: Државната полиција на Мејн соопшти дека има „вооружен напаѓач“ и ги советува сите жители да останат во своите домови и да се заклучат. „Службите за спроведување на законот во моментов истражуваат на повеќе локации“, навела агенцијата.

20:26 часот: Властите во соседниот град Обурн ги повикале жителите да се евакуираат на безбедно.

20:53 часот: Полицијата во Левистон ги објави локациите на пукањето. Станува збор за ресторанот „Шеменгес“ и кугланата „Спертајм“.

21.17 часот: Објавена слика од бело возило. Полицијата ги повикува граѓаните да се јават кај надлежните доколку видат автомобил за кој постои сомневање дека му припаѓа на осомничениот.

22.52 часот: Полицијата на социјалните мрежи го именува Роберт Кард како главен осомничен за пукањето и ја објави неговата фотографија.

Околу 23:30 часот: Комесарот за јавна безбедност на Мејн, Мајк Саушак, навел дека возилото на осомничениот е пронајдено во Лисабон, на околу 12 километри од Левистон, но Кард сè уште е во бегство.

23.34 часот: Лисабонските власти соопштија дека сите градски канцеларии ќе бидат затворени во четврток и ги советуваат граѓаните да останат безбедни.

Слични содржини