ОВЕН

Имате големи желби и полни сте со идеали, но сето тоа што сакате да го направите го правите на свој начин, брзо и ефикасно. Она што не можете да го остварите, го буткате под тепих и чекате подобри времиња. Ако работите со партнер или на некој начин сте поврзани со јавност, не внесувајте толку многу емоции. Некогаш треба и да се опуштите и да дозволите друг да ја води играта. Партнерските односи се полни со тајни. Вие мислите дека партнерот воопшто не се сомнева, но не бидете толку сигурни.
БИК
Колку и да се трудите, работите одат во друг правец. Очекуваното признание изостанува и воопшто не сте сигурни што да преземете. Следниот чекор ви е секогаш неизвесен и зависи од некој друг. Време е да мислите на себе и да престанете да им правите услуги на другите. Ако сте невработени, можно е да добиете работа на одредено време. Партнерот има потреба за слобода, но вие го гушите со своите конзервативни ставови. Морате да попуштите заради мирот во домот.
БЛИЗНАЦИ
Постојат некои лоши влијанија кои ќе морате да ги елиминирате доколку сакате да работите во мир и да си ги сочувате нервите. Не се впуштајте во непотребни објаснувања и не докажувајте дека сте во право. Ако другата страна смета дека не сте, тогаш не сте и најдобро е да се повлечете и да се обидете да заборавите. Ако сте слободни, во попладневните часови можна е средба со личност која веќе подолго време ви се допаѓа. Внимавајте како се однесувате и не си ги расипувајте шансите.
РАК
Крајниот резултат зависи од други и затоа не се оптоварувајте со непотребни размислувања. Бидете искрени кон една постара личност за да ја добиете поддршката која ви е неопходна. Се наоѓате на чекор до остварување на зацртаното и затоа отстранете ги црните мисли и почнете да размислувате позитивно. Иако сакате да ги избегнете психо-физичките оптоварувања, сепак морате да се соочите со траумите на партнерот и да му ја дадете неопходната поддршка.
ЛАВ
Денес е можно да дојдете во конфликт со една личност и тоа ќе ве натера работите да почнете да ги гледате од друг агол. Многу е важно да ги избегнувате работите кои носат ризик и поради кои можете да бидете критикувани. Критиката е она што најмалку го поднесувате и во моментов гледајте да ја избегнете. Не ги сакате ситуациите кога некој ве држи во сенка и во емотивна неизвесност. Но, за жал токму тоа ви се случува. Обидете се да ги избегнете конфликтите со партнерот.
ДЕВИЦА
Изгубената битка не значи изгубена војна. Соберете храброст и тргнете понатаму без да се вртите назад и да размислувате дали можело да биде поинаку. Финансиската ситуација моментално е нестабилна, но ако не тече тогаш капе и ќе морате да се приспособите на ситуацијата. Време е да почнете поразите да ги претворате во победи и да не ги губите нервите за непотребни ситници. Во однос на партнерот применете ја својата омилена тактика и не давајте премногу ветувања.
ВАГА
Очекувате признанија, но наместо тоа добивате критики. Се наоѓате во период кога што и да направите се сфаќа погрешно. Имате потреба да балансирате и во секоја ситуација да бидете прифатени, но моментално не ви успева. За да го сочувате психичкото здравје, потребно е да престанете да ги задоволувате сите и да почнете да размислувате за своите интереси. Партнерот не може да заборави некои работи и потребно е да имате повеќе трпение ако сакате да ја сочувате врската.

СКОРПИЈА
Ако сте невработени имате повеќе можности за вработување, но ниту една од нив не ви одговара. За жал, се наоѓате во ситуација да морате да прифатите што било, а подоцна да го барате она што ви одговара. Ако сте слободни, имате потреба да доминирате во друштвото. Бидете внимателни и не се трудете да ве прифатат. Постојат некои работи кои не зависат од вас и на кои не можете да влијаете. Бидете подалеку од манипулатори и од личности кои имаат тајни.
СТРЕЛЕЦ
Поголемиот дел од работите ги извршувате сами и во согласност со личните проценки. Но, понекогаш ви е потребна помош и второ мислење. Една постара личност ќе се обиде да ви даде совет. Не го избегнувајте, туку слушнете за што се работи, а потоа донесете одлука дали ќе прифатите или не. Партнерот очекува да прифатите некои негови ставови, но кај вас се останува на ветувања. Поради тоа не се чудете на реакциите кои ги добивате од другата страна. Покажете поголема флексибилност.
ЈАРЕЦ
Во работата барате невозможни решенија и затоа секогаш наидувате на пречки. Претпоставените не можат да ве сфатат и подложни сте на критики. Ако имате сопствен бизнис, добро размислете пред да се впуштите во нова авантура. Постапувајте во согласност со времето и со моменталната ситуација. Во конфликтот со еден помлад член од семејството, партнерот ја поддржува другата страна. Прифатете го тоа и повлечете се.
ВОДОЛИЈА
Полни сте со енергија и со планови поврзани со работата. Но, наместо постојано да ги менувате плановите, време е да почнете да работите на нив. Потребата да имате се и веднаш ве води во хаос и потребно е да ставите повеќе ред, ако сакате да успеете. Финансиската ситуација е добра, но вие не сте задоволни. Дозволете си малку опуштање и не брзајте. Ако сте слободни, почнувате да се чувствувате несигурно и ви недостасува емотивно охрабрување.
РИБИ
Многу се вложувате во работата и секоја критика ја доживувате емотивно. Понекогаш морате да прифатите дека секој има свое мислење и дека тоа не е насочено против вас. Обидете се да останете мирни и да не реагирате импулсивно. На тој начин и успехот нема да изостане. Во партнерските односи ви недостасува искреност. Доколку вие и партнерот си кажете се, можеби ќе дојдете до некое прифатливо решение. На овој начин се се сведува на играње мачка и глушец.