Хороскоп за 7 февруари

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Вторникот ќе биде претежно емоционален. Многу е важно како ќе дејствуваме. Внимателни со донесувањето на одлуки и емоциите, треба да бидат Раковите и Вагата.
Рак
Премногу сте чувствителни и душевните искуства може да предизвикаат чувство на болка на физичко ниво. Симптоми на главоболка, несоница, замор треба да ви помогнат да сфатите, дека е време да се уедините, макар и за кратко, сред природата.

Вага
Премногу сте емотивни и чувствителни, склони сте да сте погодени и да преживувате длабоко сосема незначителни случки. Споделете ги немирите со саканата. Ќе сфатите дека сè било “бура во чаша вода”.