Астрологијата е наука која ја проучува интеракцијата помеѓу Сонцето, Месечината и останатите планети и влијанието врз животот, луѓето и причините за настаните се случуваат на Земјата. Астрологот ги гледа овие аспекти и ги анализира.83a78531d26d6f6bca7b98e5358cd751

Овен

Какви идеи и да имате ќе ги реализирате само со тимска работа. Потпирајте се само на проверени луѓе. Еден од старите пријатели ќе ве изневери.

Бик

Гледајте сè перспективно. Ситуацијата е несигурна, ништо не е такво какво што ви изгледа. Воздржете се од какви било одлуки.

Близнаци

Ќе треба да се оптоварите со неправично сериозна одговорност . Ќе е поврзана или со близок роднина или со близок пријател. Сепак не претерувајте со ветувањата.

Рак

Личните односи ќе се тешки и контрадикторни. Проблемот е во стремежот да спорите и постојано да опстојувате  во исправноста. Многу малку е потребно за да се подобрат работите.

Лав

Едвај ќе се квалификува денешниот ден во групата на пријатните и најуспешните. Речиси сè со што ќе се соочите ќе се “удири на греда”. Не досадувајте на своите блиски, едноставно таков е моментот.

Девица

Бидете внимателни, внимавајте каде газите. Постои предуслов за травматизам. Воздржете се од екстремни активности, спортови, патување.

Вага

Премногу сте чувствителни и склони на влијание. Мали забелешки или груби изјави можат да ви извадат од рамнотежа. Залудно. Зачувајте го вашето спокојство.

Шкорпија

Сè ви е многу конфузно. Може да ви е тешко да процените како одреден настан влијае врз секојдневниот живот. Намалете го темпото и не навлегувајте во анализи на личноста.

Стрелец

Дефинитивно постигнувате напредок на професионален пат. Но, здравствената состојба и личните односи не се во најдобра форма. Намалете го темпото и зачувајте го спокојството. Нема да биде лесно, но има излез.

Јарец

Не правете што било, ако немате доволно информации. Потрудете се да се забавувате повеќе отколку што сте сериозни.

Водолија

На работен план денот ќе биде многу успешен, но на личен ќе биде вистински тест. Не инсистирајте на своето, ќе згрешите.

Риби

Стари познаници ќе ве побараат. Божем за совет и контакт, но всушност за услуга. Во ваша корист е да го одбиете ангажманот.