Со доаѓањето на новиот месец, повторно погледнуваме кон ѕвездената карта. Што да очекувате видете во следните редови.
Овен
Создадете нови пријатели, но не заборавајте на старите. Не оптоварувајте ги блиските со лични очекувања. Имајте добар однос кон луѓето со кои комуницирате. Искреноста, добрината и дипломатскиот однос ќе најдат поддршка и одобрување.
Важна улога во овој месец ќе имаат како личните, така и бизнис односите. Од нив зависи напредокот. Споделувајте го искуството и знаењето, нема да зажалите. Благодарноста на околината ќе е повеќе отколку што замислувате.
Бик
Треба да правите разлика помеѓу бизнис, пријателство и љубов. Ако ги помешате, ќе си наштетите. Можностите за напредок ќе се доста, ќе се реални и ќе се јасни. Од вас зависи дали ќе се искористат, но за целта треба да се координираат односите. Тешкотии ќе има, но ќе се надминат и предвидат.
Не се продлабочувајте во ситници и најчесто не креирајте конфликти ситуации со луѓето околу себе. Најдобри резултати и добрите вести ќе дојдат неочекувано и тоа е подобро. Не си припишувајте повремени достигнувања, се ќе е плод на тврдокорните напори од еден прилично долг период на време. Чувството дека околината ве цени високо ќе биде највисоката награда.
Близнаци
Распределете го времето, тоа е пари! Мирен период и плоден. Секојдневно ќе никнуваат секакви предизвици поврзани претежно со разни авантури и забава. Не е пожелно да тргнете по оваа динамика, сепак.
Многу поволно за вас ќе биде да ги видите старите задачи, да се обрне внимание на напуштените или “набрзина завршени” активности. Потрудете се да си набавите информации што ви недостигаат пред време.
Не е пожелно да започнувате нови проекти. Размислете ги вашите одлуки главно заради финансиски резултати. Материјалната положба е стабилна и ќе остане таква, ако делувате како тим.
Рак
Наредете ги вашите приоритети! Можностите ќе се многу, но не е задолжително да ги користите сите. Сфатете ги најважно во голем обем и комбинативно. Одвојте време за личните односи.
Љубовта е чуден цвет, но треба да се напои. Ако не се грижите за своите блиски, чувствата ќе им “подовенат”. Многу е веројатно да имате можност да ги споделите искуствата и достигнувањата. Направете го тоа мирно и без непотребна самодоверба. Амо имате желба да ја промените работата или професионалната насоченост, тоа сега не е особено погодно.
Не е препорачливо да правите непредвидени трошоци, трошејќи премногу. Размислете ги купувањата од гледна точка на потребата. Не е исклучено да станете жртва на измамниците во овој месец.
Лав
Ако сте на јасно со своите цели, нема начин да не ги постигнете. Треба само да се дејствува. Личните односи ќе се многу мирни и ќе одговараат на вашите очекувања. Ако немате интерес кон некого, како кон претстојниот партнер, тогаш подобро да не се впуштате во лекомислен флерт. Од професиионален аспект ситуацијата е поволна.
Обидете се да ги завршина најнапред старите проекти. Не очајувајте од претходните неуспеси, пробајте повторно. Сигурно ќе се поправат работите. Почекајте малку со новите иницијативи, особено ако станува збор за перспективни активности.
Приоѓајте кон активностите креативно, тоа е начинот. Потрошете ги вашите средства економично, не ризикувајте. Не се заробувајте во сомнителни трансакции.
Девица
Мислете идеалистички, дејствувајте реално! Следете ги практичните интереси. Во овој месец ќе има со што да се занимавате и што да одлучувате, но следете го принципот “прво интересите, потоа чувствата”. Не се откажувајте од помошта на блиските. Тие ќе се обидат да ви угодат на секаков начин.
Бидете претпазливи во однос на новите контакти, особено во сферата на бизнисот. Финансиската ви положба е стабилно. Дури се можни приходи на кои не сте се потпирале. Користете овие приходи за перспективните проекти, а не за моментално потреби.
Вага
Имате потреба од забава, зошто да се лишувате? Неочекувана романтична врска, љубовна романса, див секс, неверојатни емоции … Па да, тоа ви се случува во текот на овој месец, а не ви се верува, нели … И залудно! Имате потреба од возбудливи доживувања и од вас зависи не само да си ги дозволите, туку и да си ги организирате. Не робувјте на предрасуди кои ве враќаат наназад.
Покрај напредокот во личните односи ќе се решат и некои прашања поврзани со бизнисот, финансиите, имотите. Ќе е со интервенција на блиските, но тоа е добро.
Скорпија
Уживајте во должната на духовните потреби. Материјалното е минливо. Размислете на што се должат проблемите во личните односи. Можеби не ги цените доволно жртвите кои се прават за вас или желбата на блиските да ви угодат. И во двата случаи треба да се најде пат за приближување на интересите.
На работното место едвај ќе имате било какви тешкотии, под услов да не влегувате во туѓи територии. Уморот и стресот ќе се резултат на личните одлуки или обид да се постигне нешто по секоја цена. Погледнете ги старите проекти или незавршените такви. Користете ја можноста за корекција, промени, надградба.
Ефектот ќе ги надмине вашите очекувања. Креативнит потенцијал е стабилен, што е фактор за напредок. Финансиската положба ќе биде во рамките на проекциите. Ако добиете дополнителни приходи едвај ќе се значителни.
Стрелец
Споделувајте идеи со повеќе луѓе. Ќе добиете помош. Не е исклучено врска со стар пријател да се промени и да се здобијат со романтичната нијанса. Едвај ќе биде придружена со бурни емоции и жестоки страсти, но пак ќе ве натера да размислите над сопствените желби и цели.
Во финансиски план ќе имате многу повеќе грижи отколку во личните односи. Не се исклучени проблеми со близок човек, тешкотии при решавање на имотни или други прашања кои влијаат на различни интереси. Погрижете се да ги комбинирате семејните со професионалните обврски. Не ги лишувајте блиските од вниманието.
Периодот ќе биде исполнет со многу контакти, ќе создаде нови врски, при тоа доста корисни. Не се потпирајте само на себе, барајте соучесништво. Веројатно ќе ве вклучат во нов колективен проект кој ќе се покаже прилично интригантем. Кортролирајте ги трошоците и распределбата на дополнителните приходи. Само така ќе ја зачувате својата финансиска стабилност.
Јарец
Покажете што можете. Овозмежете околината да ви го цени потенцијалот. На личен план периодот е интересен како за неврзаните, така и за семејните луѓе. И едните и другите може да поставуваат почеток на возбудлива љубовна врска, но додека првите ќе уживаат, тоа вторите може и да не го постигнат.
Објектот на врската ќе е човек со висок социјален статус или со акцент на професионалниот напредок. Ќе се случат промени, за кои подолго време мислите, но не сте имале можност да ги реализирате. Почеток на сопствениот бизнис, нова позиција – сепак ситуации поврзани со подобрување на финансиската состојба. Тешкотиите ќе се поврзани со решавање на правни студии на случај за кој немате доволно информации.
Водолија
Креирајте лични бизнис-план или барем финансиски и почитувајте го строго. Динамичен период, исполнет со различни по карактер и често дијаметрално спротивставени настани, за среќа, повеќето се со позитивна карактеристика.
Ќе исполните дел од соништата или ќе реализирате храбри намери. Што и да се случи, барајте ја позитивната перспектива. Сметајте на сопствениот потенцијал, применувајте нестандардни решенија.
Ослободете ја имагинацијата, тоа е еден од најсилните квалитети. Не е важно дали ќе напредувате професионално или не. Важно е да се направи она за кое сте подготвени и тоа со задоволство. Ако сте наумиле да земате кредит од банка, тогаш добро размислете дали навистина тоа ви е потребно.
Риби
Не ја откажувајте помошта. Многу луѓе ќе сакаат да покажат почит кон вас, не ги спречувајте. Интересни ќе се настаните поврзани со личниот живот. Ќе се случи нешто ново и колку сте посигурни во себе, толку подобри ќе се резултатите. Важно е да сте си изградиле концепт и да го ледите.
Одлуките нема да се лесни, работата на моменти ќе биде доста исцрпувачка, но не треба да се откажувате. Ќе се справите со нестандардните ситуации, ако реагирате брзо и искрено, без да ги заобиколите правилата.
Наскоро ќе дознаете дека резултатите вределе за напорите. Довршете го започнатото, додавајќи ги поправените грешките навремено. Постои веројатност да добиете сериозна материјална придобивка од пријатели или роднини.