Хороскопот зборува: Зошто си заминувате со скршено срце

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Обично принцезите мора да бакнуваат неколку жаби пред да го најдат својот принц. Има, меѓутоа, жени, на кои секоја наредна врска им завршува со срушени очекувања.4b3f3e3591131563ca948eff9526d814

Понекогаш причината лежи во тоа дека човек не сака да учи од грешките во љубовта, за да направи подобар избор следниот пат.

Секој човек си има свои силни страни, но и слабости. Понекогаш токму овие слабости се причина за тоа, тој / таа  да страда од скршено срце. Претставниците на различните ѕвездени знаци се справуваат поинаку со предизвиците во романтичните односи.

Еве и која може да е причината за болните врски од минатото, врз основа на вашиот знак:

Овен

Вашите чести промени во расположението вршат притисок врз вашата врска. Лошо е ако не сфаќате дека не секој човек може да ја проголта вашата суперемоционалност и избувливост и тоа е причина често да страдате од скршено срце.

Бик

На почетокот на врската вие играте незаинтерано и се однесувате надуено и ладно со другиот човек. Во даден момент, сепак, на него му здодева да ве брка, да ве гони и да се бори за внимание, и само си заминува, кршејќи ви го срцето.

Близнаци

Вие сте супер неконзистентна личност и партнерите ви бегаат од вас, бидејќи не се убедени дека може да се изгради сериозна врска со неодговорен човек како вас. Љубовниците обично раскинуваат со вас, пред да имате можност да им докажете дека можат да се потпрат на вас.

Рак

Вашите комплекси и длабока несигурност ве прават тешки за комуникација и потенцијални љубовници се оддалечуваат брзо-брзо. Вие имате постојано потреба од внимание и сведоштва за љубов, а тоа е досадно.

Лав

Вие сте повеќе заслепени од себе, отколку од својот партнер, и тоа на него му здосадува во даден момент. Колку и да сте шармантни на почетокот, по некое време љубовниците разбираат дека вашите ароганција и его им доаѓаат премногу и … ве откачуваат.

Девица

Вие постојано ги анализирате односите со партнерот и нему му станува премногу во даден момент. Љубовниците брзо почнуваат да чувствуваат дека не се доволно добри за вас, дека не можат да живеат според високите ваши очекувања, и бегаат од врската, разбивајќи ви го срцето.

Вага

Вие сте склони да го одвраќате својот партнер поради ниската самодоверба и поради вечните поплаки. Никој не бара негативно поставен дечко/девојка што вечно се грижи и жали за нешто во животот.

Скорпија

Вие чувате премногу тајни од партнерот и тој во даден момент сфаќа дека никогаш нема да може да се допре до вистинската суштина. Довербата е сè во една врска – не го заборавајте тоа, инаку ќе страдате често од скршено срце.

Стрелец

Никој не сака врска со човек на кого не може да се потпира. Вие сте личност која дава ветувања кои не ги почитува, а тоа е прилично вознемирувачко. Вашите љубовници претрпуваат неколку разочарувања од вас и конечно решаваат да си заминат, пред да биде премногу доцна.

Јарец

Треба да научите да ги примате луѓето великодушно и со поширок поглед. Вашите љубовници се чувствуваат како на испит со вас, а освен тоа никогаш не им ги проштевате грешките. Ако продолжите да се однесувате така ќе си останете стара мома / ерген.

Водолија

Вие сте склони да ги криете своите вистински чувства, во желбата да изгледате кул непопустливо. Кога го затворате срцето за вашиот партнер, вие всушност го одбивате малку по малку. Токму стравот да не ви го скршат срцето е причина да си одите со скршено срце.

Риби

Вие никогаш не сте целосно задоволни од реалноста. Постојано се огледувате на партнер, подобар од сегашниот и така ги губите најважните луѓе од својот живот. Ќе треба да го промените светогледот, ако сакате да се изгради стабилна врска, инаку ве чека осаменост.