Хороскопски знак кој најбавно старее…

од Vladimir Zorba
534 прегледи

Хороскопскиот знак за кој астролозите тврдат дека остануваат млади засекогаш се Близнаците, а со нив управува планетата Меркур.

Иако Близнаците често се познати по тоа што се, како што велат луѓето, лицемерни, тоа е далеку од вистината. Познатите муабетџии се кралеви на добриот хумор, а препознатливи се по тоа што одлично одолеваат на времето.

Близнаците со кои владее Меркур имаат висока интелигенција и способност за учење, секогаш се среќни, а засекогаш остануваат деца во нивните срца.

Тоа придонесува никогаш да не изгледаат како личност на нивна возраст, а другите знаци можат да им позавидат на нивната младоликост.

Секогаш среќни и расположени за дружење, Близнаците со години даваат отпор и физички и психички. Тие се љубители на светкавите и шарени бои, па така и не ги почитуваат „правилата“ за облекување во склад со годините, туку имаат свој стил.

Секогаш изгледаат 5 или 10 години помлади, поради што се вели дека најбавно стареат. Сакаат нови предизвици и промени, а смислата за хумор е дел од нивниот неодолив шарм.

Слични содржини