172
Напаѓачот на Реал Мадрид, Хоселу ги сподели своите размислувања за неговиот соиграч Џуд Белингем.
“Тој е на друго ниво. Тој е физички неверојатен. Џуд е многу скромен и одличен соиграч. Најпрво се обидуваше да зборува шпански. Белингем ги допре срцата на сите негови соиграчи, тој е посебен”, изјави Хоселу, цитиран од „Гардијан“.
Белингем минатото лето дојде во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд. Оттогаш има 32 настапи за шпанската екипа во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 10 асистенции.