Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска е префрлен во одделот за итни случаи на медицинскиот центар Шеба во близина на Тел Авив бидејќи се чувствувал лошо, потврди неговиот кабинет.
Веб-страницата „Вала“ објави дека премиерот бил пренесен во болница откако накратко изгубил свест во својот дом во Цезареја. Кога пристигнал во болница бил целосно свесен.
Кабинетот на Нетанјаху во четвртокот соопшти дека премиерот бил подложен на медицински тестови и дека е во добра состојба, со најава дека други детали ќе бидат соопштени подоцна.
Повикувајќи се на извори блиски до Нетанјаху, израелските медиуми на хебрејски јазик објавија дека тој претходно се пожалил дека се чувствува лошо.
Премиерот со колона возила од Цезареја на Медитеранот бил пренесен во болница каде го минувал викендот.
Нетанјаху (73) е премиер со најдолг стаж во историјата на Израел, повеќе од 15 години, потсетува АП.
Кога „силно ја удрил главата во подот“, изгубил свест, објавија израелските медиуми повикувајќи се на медицински извор.