Хоти: Писмото на Бајден е гаранција за територијалниот интегритет на Косово

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Премиерот на Косово и кандидат за премиер на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Авдулах Хоти, денеска во Митровица изјави дека писмото на претседателот на САД Џо Бајден е гаранција за територијалниот интегритет на Косово.

Хоти рече дека територијалниот интегритет на Косово не се продава и не се преговара, а гарант за тоа се меѓународните пријатели, со кои ДСК има одлични односи.

„Територијалниот интегритет не се продава и за него не се преговара, ниту има мапи или ножеви, нашите партнери ни гарантираа на 4 февруари во Овалната соба и денес со писмо од претседателот Бајден“, рече Хоти.

Тој ги повика жителите на Митровица да не станат плен на измама на 14 февруари.

„Денешното писмо од претседателот Бајден го запечати партнерството што го изградивме со Соединетите држави. Ние сме во средина на кампањата и ова писмо јасно ни покажува каде треба да бидат ориентирани граѓаните на Косово, а на 14 февруари ќе заврши со победа на ДСК и нашите партнери“, рече Хоти.

Тој ги обвини политичките противници дека се луѓе без визија за зачувување на државата Косово.

„Некои противници сметаа дека ја завршија работата со ДСК, но не, не ја завршија работата со граѓаните на Косово, бидејќи не можат да бидат измамени од улични мегафони и пароли. Барам поддршка за ДСК, бидејќи нема друг начин освен евроатлантскиот. Граѓаните знаат за кого да гласаат на 14 февруари, бидејќи немаат друга опција, тоа е опција за Европа, а токму овие „црвени“ (движењето Самоопределување), се група на луѓе кои не знаат што е минатото, екстремисти од секаков вид. Граѓаните ќе кажат „не“ на таа опција и ќе ја поддржат опцијата ДСК“, рече Хоти.

И денес сите политички партии и граѓански иницијативи низ Косово водат кампања за предвремени парламентарни избори закажани за 14. Февруари

Слични содржини