192
Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховенијер, изјави дека европскиот предлог за нормализација во ниту една од 11-те точки не споменува дека Србија е должна да го отстрани Косово од својот Устав.
„Не видов дека ова прашање е покренато во 11-те точки од европскиот предлог, така што не верувам дека тоа е специфичен елемент на тековните разговори“, рече Ховенијер, пренесува АТВ.
Тој посочи дека долгорочната американска и европска визија е интегрирање на Косово во европските и евроатлантските структури, како и на Србија.