Ховениер: Дијалогот меѓу Косово и Србија мора да заврши со признавање

од Илинка Илиоска
683 прегледи

Амбасадорот на САД во Косово Џефри Ховениер изјави дека дијалогот меѓу Косово и Србија е предизвик кој мора да се надмине само со взаемно признавање и ништо помалку.

„Завршувањето на овој процес мора да биде признавање меѓу двете земји, бидејќи ништо помалку од ова не ја исполнува визијата што ја имаме за целосна, слободна, просперитетна и мирна Европа“, рече тој.

Говорејќи на панелот на самитот „Западен Балкан 2024“ што се одржува во Приштина, Ховениер ја истакна и важноста од спроведувањето на договорите што Косово и Србија ги постигнаа во рамките на дијалогот за нормализација на односите.

„Постојат голем број американски функционери, вклучително и јас, кои трошат многу време на целосно спроведување на обврските што Косово и Србија ги добија во процесот олеснет од ЕУ“, речеХовениер.

Двете земји се во преговори повеќе од една деценија, но многу од договорите што ги постигнаа не се спроведени.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за недоволна подготвеност.

Ховениер уште еднаш го истакна својот став дека не се согласува со декларацијата – одобрена на 8 јуни од Србија и српскиот ентитет на Босна и Херцеговина, Република Српска – во која Косово се третира како „неотуѓив дел од Србија“.

„Ова не е став на мојата земја или на нашите партнери. Го признавме Косово како независна демократска земја и за тоа не може да се разговара“, рече Ховениер.

Тој го кажа истото еден ден претходно, потсетувајќи дека САД го признаа Косово како независна држава и дека ќе останат зад оваа позиција „со гордост“.

Слични содржини