Ховит твитна: Медиумските реформи уште се дел од изборниот процес, потребна е напорна работа за кредибилни избори

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Ричард Ховит, еден од тројцата европратеници кои денеска беа дел од преговорите меѓу партиите во Македонија кои доведоа до одложување на изборите за 5 јуни, во 01:49 часот на Твитер го напиша следното:hovit-540x305

„Гласањето за одложување на изборите во ПЈРМ само од владејачките партии, европратениците велат: Жалиме за пропуштената можност да се најде консензус помеѓу сите партии“.

„Имајте ја во предвид изјавата на ЕУ и САД дека ’медиумите реформи уште се дел од изборниот процес’ и ’потребна е напорна работа за изборите да бидат кредибилни“, напиша Ховит на Твитер.

Ова доаѓа како одговор на тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека добил гаранции од меѓународната заедница дека нема да има медиумски реформи